„Ние им придаваме многу големо значење на нашите односи со Франција, притоа се трудиме да одржуваме еднакви односи како со претставниците на актуелната власт, така и со претставниците на опозицијата“, изјави Путин, пренесува RT.
Ле Пен: Украинските власти се воени злосторници
Притоа рускиот лидер истакна дека во Франција активно се одвива предизборната кампања и потенцираше дека Русија не сака да влијае на тие настани.
„Ние во никој случај не сакаме да влијаеме на тековните настани, но го задржуваме за себе правото да комуницираме со сите претставници на сите политички сили во земјата, исто како што прават нашите партнери, на пример, во Европа, во САД“, додаде Путин.
Претходно Ле Пен изјави за отсуството на повод за влошување на односите меѓу Русија и Франција.