Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

ДНР и ЛНР ги отфрлаат обвинувањата на Украина за пожарот кај Харков

Донецк негира вмешаност на бунтовниците во пожарот во украинскиот воен склад. Во самопрогласената Донецка народна република не исклучуваат причина за пожарот да е немарност на украинските безбедносни сили.

„Обидите на украинската војска да ја префрли вината за сите проблеми во слабата и потоната во корупција армија не можат да предизвикаат ништо, освен сожалување. Се разбира, ние немаме никаква врска со пожарот“, изјавија за „Интерфакс“ од Министерството за одбрана на ДНР.

Соговорникот на агенцијата соопшти дека разузнавањето на ДНР располага со информации за вистинските причини за пожарот во складот.

„Неконтролираното протекување на информации во украинските вооружени сили ни овозможи да добиеме информации за прелиминарните причини за настанот. Најверојатно, тоа е вообичаената немарност на украинските војници, непочитувањето од нивна страна на основните правила за безбедност причинета од присуството на некои од нив на територијата на воената единица во нетрезвена состојба. А сите изјави на Киев за наводни диверзии се едноставно смешни“, изјави претставникот на Министерството за одбрана на ДНР.

Украина ѝ забрани влез во земјата на руската учесничка на „Евровизија“

Од своја страна, Народната милиција на самопрогласената Луганска народна република (ЛНР) со иронија го коментираше настанот, потсетувајќи на отсуството на руска војска на територијата на самопрогласените републики на Донбас.

„На сите им се познати безобразијата што се прават во украинската армија. Не се ретки случаите на пријателски оган, па дури и самоубиства на војници. Така што нема што да го обвинувате огледалото ако вашето лице не во ред“, истакна претставник на Народната милиција на ЛНР.

Во средата во Харковската област на Украина, во складот за муниција во Балаклеја, случи серија експлозии, по што беа евакуирани 15000 жители на гратчето.

Украинските власти поведоа истрага за „диверзија“ и „немарност“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus