Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Каква закана носат новите ракети на Северна Кореја?

Северна Кореја истрела четири ракети од непознат тип, кои паднаа на 350 километри од јапонското крајбрежје. Според зборовите на воениот аналитичар на агенција ТАСС Виктор Литовкин, овие ракети се со среден дострел (од 500 до 1.000 километри). „Како основа е земена советската Р-17 (според класификацијата на САД и НАТО - SS-1c Scud B) од крајот на педесеттите години на минатиот век“.

При тоа, експертот се однесува скептично кон можностите на новата ракета, бидејќи „конструкторите не успеале да ја 'научат' ракетата да лета по зададена траекторија“.

„Очигледно е дека ова не се финални тестирања - научниците работат над навигацискиот систем за новите ракети. Засега тие едноставно 'треснале' во регионот до кој успеале да долетаат со достапното гориво“.

Ројтерс

Посериозни стравувања кај стручњаците предизвикува фактот што овие ракети можат да бидат опремени со нуклеарни боеви глави. „Русија, САД и Кина не знаат, најверојатно, какво ниво има достигнато Пјонгјанг во развој на нуклеарното оружје. И ако боевата глава е на технолошко ниво на нејзината ракета-носач, тогаш тоа може да биде закана не само за Јужна Кореја, но и за целиот регион“, вели за „Руска реч на македонски“ генерал-полковникот во пензија и претседател на Меѓународниот центар за геополитички анализи Леонид Ивашов.

Експертите се на мислење дека дури и ако Севернокорејците не успеат да создадат целосен атомски боен полнеж кој ќе биде поставен на ракета-носач или лоциран во хангар на авион, ами само експлозивен нуклеарен уред, тоа создава дополнителен ризик за негова неочекувана и непредвидлива детонација на секој стадиум од летот.

Што ќе преземе Русија?

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков најави преговори меѓу Русија, Јапонија и Кина во врска со исфрлањето проектили од страна на Северна Кореја.

Ројтерс

„Ние сериозно сме загрижени од лансирањето на ракети од страна на Северна Кореја. Ова води до зголемување на тензиите во регионот. Ги повикуваме сите страни да се воздржат и сме отворени за преговори со сите земји кои се заинтересирани за решавање на настанатиот проблем“, вели тој во интервју за руското издание „Комерсант“.

Москва загрижена поради лансирањето ракети во Северна Кореја

Експертите се на мислење дека Москва нема да има дополнителни воени контингенти во регионот или пак да го засилува својот систем за противракетна одбрана, независно од тоа што Приморјето се граничи со Северна Кореја.

„Ние нема да преземаме унилатерални агресивни мерки и ќе направиме соодветните дипломатски чекори во рамките на Советот за безбедност на ОН. Тоа, најверојатно, ќе бидат нови санкции – ограничување на снабдувањето на стоки за Северна Кореја, затворање на сметки во странство. Но, тоа тешко дека ќе бидат доволно ефикасни мерки“, изјави за „Руска реч на македонски“ вишиот научен соработник од Факултетот за светска економија и светска политика на Високата школа за економија Василиј Кашин.

Русија и Кина против ПРО на Корејскиот полуостров

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus