Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Каква врска има Русија со радиоактивниот јод во Европа?

Судејќи според соопштенијата на медиумите, првото загадување е забележано во Норвешка, недалеку од границата со рускиот Колски полуостров. Тоа се случи уште во првата половина на јануари. Следните недели траги на радиоактивен јод беа забележани во земјите од Источна и од Западна Европа.

Медиумите наведуваат прилично голем список европски земји во кои дошло до загадување, од Полска на исток до Шпанија на запад. Но, станува збор за минимални дози. Не е случајност што информацијата за појавата на изотопот во атмосферата не ја соопштија Скандинавците, ами францускиот Институт за заштита од радијација и нуклеарна безбедност. Како што изјавува за Barents Observer Астрид Лиланд, началник на секторот за вонредни состојби на норвешката управа за заштита од радијација „нивото на пораст на радијацијата не е опасно за луѓето и за околината, па затоа сметаме дека тоа не е нешто што би било интересно за медиумите“.

Сепак, многумина не го делат нејзиното мислење. Во британскиот весник „Индипендент“ објавен е материјал во кој појавувањето на изотопот се доведува во врска со можноста на Русија да врши „тајно лансирање на нуклеарна ракета“. Весникот „Сан“ споменува можност за нуклеарни проби на рускиот полигон на Нова Земја, на Арктикот.

Илјада пати помалку од Фукушима

Рускиот експерт од нуклеарната сфера Александар Уваров, главен уредник на порталот Атоминфо за „Руска реч на македонски“ потврдува дека станува збор за „загадување во траги на ниво на чувствителност на апаратура, и дека тоа не претставува никаква опасност (по човековото здравје)“. Претходно беше истакнато дека нивото на загадување со радиоактивен јод е илјада пати помало одошто за време на хаваријата во јапонската нуклеарна електрана Фукушима.

Нов материјал штити од штетното влијание на електронските уреди

Експертот исто така ја истакнува и големата брзина на распаѓањето на јодот – таа изнесува само неколку дена. Поради тоа практично е невозможно да се определи каде точно тој јод е исфрлен во атмосферата,

Уваров воедно изјави дека тоа не може да биде последица на нуклеарни проби. „Кога се врши нуклеарна проба не се појавува јод, ами куп други изотопи“, нагласува експертот, додавајќи дека тоа се однесува и на хавариите на нуклеарните подморници.

Освен тоа, нуклеарните проби во современите услови не можат да се изведат незабележано. „Невозможно е повторно да се започнат нуклеарни проби без сеопфатна технолошка подготовка. (...) Во услови на сателитска транспарентност невозможно е дури ни да се префрлат на Нова земја опрема и луѓе. За подготовка на такви проби би се дознало месец и пол или два пред нивниот почеток“, изјавува за „Руска реч на македонски“ Дмитриј Евстафеев, професор на националниот истражувачки центар „Виша школа за економија“, кој е стручњак за неширење нуклеарно оружје.

Последната нуклеарна проба е извршена во 1990 година

На територијата на Русија последната подземна нуклеарна проба е извршена пред повеќе од четвртина век, уште во 1990 година, а во 1996 година Москва го потпиша и го ратификуваше Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни проби. Засега не постојат никакви официјални соопштенија за тоа дека Москва го преиспитува својот став за подземното тестирање на нуклеарното оружје.

Експертите исто така истакнуваат дека подземните проби би ги забележале многубројните сеизмолошки опсерватории, зашто во тој случај би дошло до забележливи потреси.

Руски начин за мониторинг на загадениот воздух

Како аргумент во корист на варијантата со нуклеарни проби медиумите го наведуваат фактот дека во Британија се појавил американски авион WС-135 кој се користи за мониторинг на радијацијата во атмосферата. Но, тој засега е во базата на островите, а не некаде во близина на границата. Освен тоа, медиумите истакнуваат дека летовите на ваков авион над Европа се прилично рутинска работа. Како може да се дознае од изјавата на претставникот на военото воздухопловство на САД, авионот е сместен во Европа во согласност со плановите што се подготвени многу пред соопштенијата за загадување со јод-131.

Дали причината е радиофармакологијата?

Исфрлањето на радиоактивен јод во атмосферата не е поврзано ниту со руската нуклеарна електрана во Мурманската област, регион кој се граничи со Норвешка, ниту со рускиот нуклеарен кршач на мраз кој се наоѓа таму. Претставниците на меѓународното еколошко здружение Белона соопштија дека мурманските нуклеарни стручњаци ги увериле дека кај нив немало никакво исфрлање на радиоактивни супстанци во атмосферата. Еколозите сметаат дека нема причина да не им се верува.

Поглед на кампусот на Унгарската академија на науки во која е сместен Изотоп Интезет, произведувач на унгарскиот изотоп. 17 ноември 2011, Будимпешта / Ројтерс

Руските експерти се уверени дека исфрлањето на конкретниот изотоп најверојатно сведочи за индустриска природа на загадувањето. Според Уваров, јодот можел да излезе во атмосферата од претпријатијата кои се занимаваат со радиофармакологија. „Нуклеарната медицина во Европа е развиена, таму има многу такви претпријатија“, нагласува експертот и потсетува дека во 2011 година дојде до исфрлање изотопи на јод-131 во Унгарија. „Тоа се случи во институт кој се занимава со производство на изотопи за медицински цели“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus