Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Експерт: Време е ЕУ да престане да се самоизмачува со гасот

„Политиката на Западот за одвраќање на Русија сѐ повеќе наликува на фарса, пишува Мирзајан за „Лајф“.

Плановите на некои европски политичари да го „избркаат“ „Гаспром“ од европскиот пазар ги расипаа токму Русите, кои се „виновни“ и за американските претседателски избори и за „Брегзит“.

Уделот на „Гаспром“ во европската потрошувачка во 2016 година порасна од 31 на 34%, а годинава Европа ја очекува повисока цена од 180-190 долари за илјада метри кубни гас.

Дали западните партнери треба да престанат со самоизмачувањето кое тие го нарекуваат енергетска диверзификација и да признаат дека „Гаспром“ сепак е најпогоден испорачувач на синото гориво од гледиште на соодносот меѓу цената и сигурноста.

Поскапува рускиот гас за Европа

Русија никогаш не го користела гасот како лост за да изврши влијание врз Европа, а сите проблеми со испораките на гас беа поврзани со опсесивниот обид на сегашната земја на транзит – Украина – да ги уценува продавачите и купувачите.

Затоа најоптимална варијанта на однесување за Брисел ќе биде откажувањето од неуспешната политика на вештачка диверзификација на испораките на гас и заземањето курс кон соработка со Москва во изградбата на „Северен тек 2“. Европската комисија може дури и да ја смени одлуката за „Јужен тек“ и да дозволи негова реализација. Според мислењето на некои експерти, морскиот дел од вториот крак на „Турски тек“, кој во моментов се гради, може да биде искористен и за „Јужен тек“: тој е поповолен за Русија отколку кракот на „Турски тек“ кој треба да оди во Европа.

Сепак, како и обично, оптимално однесување е малку веројатно, бидејќи се судира со тактичката и политичка целисходност. Сѐ додека европските елити се придржуваат до политиката на одвраќање на Русија и им одат на рака на русофопските сили во  САД и Источна Европа, Москва не може да гледа во Брисел стратешки партнер, вклучително и од гледна точка на реализација на големи инфраструктурни енергетски проекти.

Многу поедноставно е во овој случај да се работи со Берлин, кој е заинтересиран за „Северен тек 2“, затоа што Германија за сметка на тоа се претвора во сериозен гасен хаб. Или да работи со Анкара, која сака да ги преземе приливите на гас во ЕУ. И фактот дека по завршувањето на проекти ЕУ ќе добие зајакнато германско влијание или уцена од Турција, станува проблем токму за самата ЕУ“, заклучува Мирзајан во својата статија.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus