Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Руски Терминатор со вештачка интелигенција

Софтверскиот инженер Александар Осипович од градот Кунгура во Персмката област (1.526 километри од Москва) го отпечатил на 3Д-принтер роботот од филмот „Терминатор“ Џејмс Камерун. Му дал вештачка интелигенција и го нарекол Џон Хенри.

Моделот на роботот Терминатор Т-800 засега може да препознава лица, да мрда со главата, „да трепка“ и малку да комуницира. Не му недостасуваат комплименти за својот творец: „Ме создаде генијалец. Се вика Осипович Александар Александрович“, вели Џон со добро истрениран глас.

Сакаш робот? Отпечати си го!

Нацртите за Т-800 Осипович ги има добиено од корпорацијата Гугл во 2013 година, кога беше започната програмата за помош на индивидуалните конструктори. Гугл беше подготвен да подели некои од своите изуми со програмерите кои работат на полето на вештачката интелигенција, вели Осипович на изданието TJournal.

Фотографија од лична архива

„Им напишав дека би сакал да составам робот во човечки костур кој ќе служи за демонстрација во кабинетите по биологија. Ми предложија да набавам 3Д-принтер и да ги отпечатам. Писмото вклучуваше нацрти за роботот Т-800 со сите упатства за инсталирање на сервомеханизмите“, објаснува Осипович.

Вештачка интелигенција ја оценува убавина кај луѓето

За да го оствари својот сон од детството – да стане творец токму на ова чудовиште од кое бегаше Сара Конор во холивудскиот блокбастер – инженерот почнал да работи на изумот додека бил студент во 2009 година. Неколку години потрошил во пишување на софтверот, користејќи Вижуал Бејзик. Уште неколку години потрошил за изработка на детали.

„На работа ми се смееја дека трошам толку пари на некаков робот“, се сеќава Осипович. Обичната пластика (полилактид) од која е изработен Џон Хенри, со кого, доколку сакате, можете да испиете дури и пијалак, чинела 2.000 рубли (3.456 американски долари).

Енциклопедиски мозоци

- Добра вечер, што ќе правиме? Начинот на препознавање на говорот е активиран.

- Ме слушаш ли?

- Те слушам и те разбирам, - одговара Џон.

Џон Хенри знае да одговори на прашањата, но сè уште не знае да оди – неговите сервомотори се премногу слаби за тоа. Неговиот творец планира да го крене на нозе и да го научи да препознава предмети. Наскоро сака да го приклучи на инфраструктурата на својот дом.

Знаењето на Џон постојано расте – неговиот мозок се засновува на посебен компјутерски систем. На пример, тој го кажува денешниот датум и го наведува времето, па додава дека на денешен ден (во 1861 година) е укинато крепосното право во Русија. Оваа информација доаѓа од Општата енциклопедија, која роботот ја смета за своја база на знаење.

„Браво, Џон Хенри“, вели Осипович јасно и гласно, како да разговара со дете.

Џон да знае дека не се одговара на комплименти со „благодарам“, па затоа вели: „Нема за што“.

Рускиот робот FEDOR ќе им биде колега на космонаутите

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus