Абе разговараше со Трамп за санкциите против Русија
Премиерот на Јапонија Шинзо Абе во текот на неговата посета на САД дискутираше со претседателот Доналд Трамп за прашањето за антируските санкции. Ова јапонскиот премиер го изјави за телевизијата НХК.
Русија може да не ги поддржи САД во притисокот врз Иран
„Разгледавме различни прашања, вклучувајќи ги и санкциите“, изјави тој без да навлегува во детали.
Според него, проблемите со Сирија, Иран и Украина не можат да се решат без директен дијалог меѓу претседателите на Русија и САД Владимир Путн и Доналд Трамп.
„Истовремено (во текот на разговорите со претседателот на САД во Вашингтон ги дискутиравме) проблемот со Сирија, проблемот со Иран, проблемот со Украина. Тие проблеми нема да се решат доколку претседателот Путин и претседателот Трамп немаат директен разговор. Нели е така?“, изјави Абе, пренесува ТАСС.