„Хирург” ќе отвори Меѓународен младински центар во Севастопол
Мото-клубот „Ноќни волци“ заедно со Рускиот младински сојуз планира да отвори во Севастопол Меѓународен младински центар, во кој ќе се одржуваат спортски и воено-патриотски натпреварувања.
Како што изјави за RT претседателот на мото-клубот Александар Залдастанов-Хирург, планирано е центарот да биде изграден покрај ридот Гасфорт во близина на Севастопол. Центарот ќе биде отворен не само за деца и млади од Русија, туку и од странство.
„Хирург“ го претстави новиот руски мотоцикл „Волк“
Претседателот на Рускиот младински сојуз Павел Красноруцки потврди за RT дка проектот се наоѓа во фаза на изработка. Планирано е центарот да биде отворен во август, кога во Севастопол треба да се одржи Меѓународно бајкерско шоу.
Водачот на „Ноќните волци“ додава дека за таков меѓународен центар е потребна инфраструктура, која ќе биде изградена по завршувањето на проектот.
Планирано е центарот да се занимава со спортска, воено-патриотска и научна дејност.
„Сакаме да развиеме методологија на патриотско воспитување. Имајќи го предвид нашето повеќегодишно искуство во оваа сфера, мислам дека тоа ќе ни појде од рака“, додава Залдастанов.