Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Првите ловци од 5 генерација ќе се појават во руската армија по 2018

Авионите од петтата генерација Т-50 (ПАК ФА) ќе се појават во вооружување на Воздушно-космичките сили на Руската Федерација по 2018 година, изјави заменик-министерот за одбрана на Руската Федерација Јуриј Борисов.

„Најверојатно тоа ќе се случи со следната Државна програма за вооружувањето - односно 2018-2025 година“, рече тој.

Според него, авионот сè уште има потреба од доработка и воените структури нема да брзаат да купуваат нови скапи машини. А, во меѓувреме нивните функции ќе ги вршат авионите од генерацијата 4 ++ Су-35С.

„Спроведуваме експериментална експлоатација на Т-50, го купивме ограничени серии, гледаме како се однесуваат во практика, ги откриваме сите недостатоци, ги внесуваме сите измени, па кога ќе дојде време, да ги купиме примероците кои се испробани во практика“, истакна Борисов.

На што уште работат конструкторите на Т-50?

Најновиот авион продолжува да има голем број проблеми. Во првите неколку години по воведувањето во вооружувањето авионите Т-50 сè уште ќе се усогласуваат со општоприфатените принципи и индикатори за авионите од петта генерација, изјави за „Руска реч на македонски“ шефот на меѓународната лабораторија „Механика и енергетски системи“ на Универзитетот за информатички технологија Павел Булат.

„Сè уште не постојат мотори од петтата генерација од „Тип 30“. ПАК ФА засега лета со обновената верзија на моторот на Су-27, Су-30 и други машини од оваа серија“, истакнува експертот.

Кои се предностите и недостатоците на новиот МиГ-35

Моторот што се разработува ќе им овозможи на Т-50 во нефорсиран режим да достигнува суперсонична брзина и да ја одржува за време на летот.

„Мислам дека тоа ќе биде брзина 1.6 маха - приближно 2.000 километри на час во зависност од местото над кое ќе лета авионот. Моторот, исто така, значително ќе ги подобри карактеристиките за слаба забележливост на ПАК ФА благодарение на новите композитни материјали“, додава Булат.

Конструкторите ќе ги започнат тестирањата на авионите по година - година и половина. Може да се очекува дека целосната интеграција на новиот мотор ќе биде реалност во 2020 година.

„Покрај моторот, сега треба да се доработат две нешта: радарските станици и да се отстранат последните недостатоци во концептот на едрилица, која е најсовремената во светот од сите летачки авиони“, вели аналитичарот.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus