Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

„Комсомолскаја правда“ од Донецк: Убиството на Гиви е силен психолошки удар

„Славјанск, Иловајск, донецкиот аеродром, Дебалцево, авдеевската индустриска зона... неколку пати ранет, десетина пати привремено погребан“, пишува Александар Коц за командантот на баталјонот „Сомалија” Михаил Толстих, попознат како Гиви, и се присетува на дамнешен разговор, кога прашал зошто баталјонот се вика така. Гиви тогаш раскажа:

„Тоа почна уште во Славјанск. Одевме во влечки, шорцеви, со автомати. Како сомалиските пирати. Така и почнаа да нѐ викаат“.

Една од првите верзии на истрагата е дека командантот Гиви е убиен со реактивен пешадиски минофрлач „Шмељ“ и дека диверзантите долго се подготвувале за тој напад. Можно е и Михаил Толстих да го вклучил светлото во својот кабинет и на тој начин открил каде се наоѓа, јавува дописникот на „Комсомолскаја правда“.

Експерт од Донецк: Кој и зошто го уби Гиви?

Никој во Донецк не се сомнева дека се работи за планиран терористички напад организиран од специјалните служби на Украина. Војник на баталјонот „Сомалија“ вели дека Гиви одамна им е трн во окото на украинската војска и потсетува на донецкиот аеродром и тогашниот заробен полковник кој сега од билборди рекламира служење во украинската армија. „А тој полковник треба да му се заблагодари на Гиви што е жив. Гиви можеше да отвори оган по таа колона војници од тенковите. А потоа сит почнаа да се колнат дека ќе го убијат Гиви. Јас разбирам дека во војна гинат луѓе. Штета што не загина во борба. Тие не се во состојба тоа да го сторат машки. Но тоа нема да нѐ скрши. Ние ќе дадеме уште посилен отпор“.

Сѐ што случи со Гиви, Моторола, шефот на народната милиција Анашченко, Мозговој, Дремов – сето тоа е тероризам на Киев, пишува Коц. Да се остават протестните движења без водачи, лидери – Службата за безбедност на Украина од 2014 година ја применува таа тактика во нередите во Харков, Одеса, Донецк и Луганск. Тогаш имаше само апсења, додека тактиката сега премина на ново крваво ниво.

Загинувањето на легендарните команданти е силен психолошки удар, продолжува дописникот на „Комсомолскаја правда“. „На погребот на Моторола видов мажи како плачат, мажи кои војуваат веќе две години, кои биле ранувани десетина пати. Но, емоциите поминуваат, останува она што го почнале загинатите, нивното дело. Убиството на еден човек не може да ја промени судбината на цел баталјон. Жив е „Спарта“ на Моторола, ќе живее и „Сомалија“ на Гиви“, заклучува Коц.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus