Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

„Фајненшел Тајмс“: Путин му се додворува на Орбан за да го подели Западот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и Владимир Путин ги критикуваа санкциите кои ги воведе Западот против Русија, пишува „Фајненшл Тајмс“. Како што истакнува изданието, тоа беше демонстрација дека Будимпешта ги зајакнува врските со Москва како политички и трговски партнер.

„Западниот дел (на Европа) демонстрираше многу антируска позиција и политика - во оваа сложена атмосфера, ние мораме да ја браниме нашата политика“, ја цитира изјавата на Орбан „Фајненшел Тајмс“, дадена на заедничката прес-конференција со Владимир Путин во Будимпешта во четвртокот.

„Неекономски проблеми не може да се решат со економски средства“, додаде тој. „Сите ќе загубат од таквите одлуки“. 

Рускиот претседател, од своја страна, изјави дека Унгарија е „важен и сигурен партнер“ на Русија.

Двајцата лидери го изразија своето незадоволство од режимот на санкции на ЕУ насочен против Русија, истакнувајќи дека Русија и Унгарија изгубиле милијарди во рамките на билатералната трговија.

Унгарија изрази интерес за испораките на руски гас по „Турски тек“

„Намерата на Путин се состои во „свеченото носење на знамето“, ја коментира поранешниот министер за надворешни работи на Унгарија Геза Есенски. „Тој сака да им покаже на НАТО и на ЕУ дека има добар, доверлив пријател, тројански коњ во Алијансата“.

Џуди Демпси, соработник на „Карнеги Европа“ (Carnegie Europe), изјави дека целта на средбата е да се испрати политичка порака до другите европски земји, укажувајќи на разликите меѓу земјите-членки на Европската унија по прашањето на односите со Русија.

"Путин може да им демонстрира на земјите на ЕУ – поточно на Германија - дека во некои европски престолнини му се радуваат“, потенцира Демпси.

Посетата на Путин на Будимпешта беше трета во последните три години средба со Виктор Орбан, се вели во статијата. Според „Фајненшел Тајмс“, напорите на рускиот претседател да го претвори унгарскиот премиер во свој партнер се наменети за зголемување на шансите на Москва за укинување на западните санкции, како и да ја поткопа сплотеноста на ЕУ и НАТО, со помош на „додворување“ на Унгарија, која се соочи со остри критики од страна на сојузниците поради нејзините нелиберални политички реформи, пренесува РТ на руски.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus