Путин смени од должност 16 генерали
Претседателот на Русија Владимир Путин смени од должност 16 генерали на безбедносните институции: Министерството за вонредни состојби на РФ, МВР РФ и Истражниот комитет на РФ.
Путин назначи луѓе од безбедноста на клучни позиции
Соодветниот указ беше објавен во четвртокот, 2 февруари, на официјалниот интернет-портал за правни информации.
Според документот, двајца генерали се ослободени не само од вршењето на функцијата, туку и од воената служба.
Со претседателскиот указ исто така се назначени и раководители и заменици-раководители на највисоките функции во наведените ресори, како и обвинители на Република Крим и Ленинградската област, пренесува „Лента.ру“.