Порошенко се нарече најголем приврзаник на укинување на санкциите против РФ
Оваа изјава тој ја даде во интервјуто за германски „Моргенпост“.
Порошенко: Само НАТО може да ја запре руската агресија
„Знаете кој најмногу од сите сака укинување на санкциите? Претседателот Петро Порошенко. Но претходно Русија треба да ја повлече својата војска од нашата територија за да може Украина да си го врати интегритетот и суверенитетот“, истакна Порошенко.
Тој додаде дека раното ублажување на санкциите ќе доведе до засилување на „руската агресија против Украина“.
Претходно Порошенко изјави дека санкциите против Русија треба да се засилат во случај на отсуство на напредок во реализацијата на „Минската спогодба“, пренесува РТ на руски.