Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Медиум за филмот „Викинг“: Русите сакаат да бидат Скандинавци

Пер Андерс Јохансен, дописникот од Москва на норвешкиот весник „Афтерпостен“, во својот осврт на еден од најуспешните руски филмови „Викинг“, пишува дека сижето на филмот се базира на она што претседателот на Русија Владимир Путин го прогласи за најважниот настан во историјата на Русија – за примањето на православието во Киевска Русија предводена од кнезот Владимир.

Филмот стана причина за бурни дискусии за историјата на Русија, улогата на црквата, како и за скандалозните сцени во филмот.

Сепак, и покрај тоа што на претседателот на Русија му се допадна филмот како „уметничко, а не документарно дело“, „Викинг“ беше критикуван и од православната црква за претставувањето на кнезот Владимир како убиец, од опозицијата како уште еден пример за кремљовската културна пропаганда која го извитоперува ликот на Русија, од руските националисти кои сметаат дека филмот е навреда за великата руска култура, од историчарите поради мноштвото грешки и историски фалсификати.

Авторите на филмот исто така беа подложени на критика и поради насловот на филмот.

Работата е во тоа што сето тоа се коси со новата официјална историја која ги учи руските ученици дека првата руска држава немала ништо заедничко со викинзите, пишува Јохансен.

Сепак, колумнистот Денис Драгунски застана во одбрана на филмот.

„Филмот се најде во „десетката“ на нашите национални стремежи. Ние не сме оттаму, каде што се пустината и тајгата, степата или монголското номадско село. Ние сакаме да бидеме од Скандинавија“, пишува Драгунски за „Газета.ру“.

Тој смета дека популарноста на филмот делумно може да се објасни и со тоа што повеќето Руси реално би сакале да откријат поврзаност со Скандинавија.

„Ние не сме никакви Скити или Азијци. И никогаш не сме биле. Ние сме викинзи. Сакаме да бидеме од Скандинавија!“.

Тој смета дека популарноста на филмот е знак дека на повеќето Руси не им се допаѓа „евроазискиот“ поглед на исток, кон Кина.

„Ние треба да му кажеме на целиот свет и, најважно, на самите себе, дека ние сме исконско европска земја. Културно, духовно, јазично и дури и династички, ако некому му е важно тоа“, пишува Драгунски, пренесува ИноСМИ.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus