Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Медиум: Нова Јалта или како Путин и Трамп ќе ја поделат Европа

Новиот претседател на САД Доналд Трамп и претседателот на Русија Владимир Путин би можеле да се договорат и да ја поделат Европа на сфери на влијание, пишува „Ноје Цирхер Цајтунг“. Тоа е многу веројатно, смета авторот на статијата Улрих Шпек, затоа што идниот шеф на Белата куќа не сака неговата земја да биде светски полицаец и е подготвен да склучи спогодба со рускиот претседател, правејќи отстапки пред неговите амбиции.

Доналд Трамп се смета себеси за експерт за склучување спогодби, пишува весникот. Тој од позицијата шеф на Белата куќа најверојатно ќе го искористи она што му помогна да биде успешен бизнисмен, пишува Улрих Шпек.

На Трамп му претстои мошне тешка борба

Весникот наведува дека во Европа постои страв дека следниот претседател на САД може да направи договор со Путин, кој ќе биде неповолен за Европејците.. „Ќе биде тоа нова Јалта, нова поделба на Европа на сфери на влијание”, предупредува авторот. „Затоа што, како што е познато, една од целите на рускиот претседател е повторно да ја направи Русија суперсила”, пишува весникот.

Трамп, кој ги наследува проблемите во Украина и Сирија, се надева дека ќе успее како професионален бизнисмен да го „пресече јазолот и да се договори со Путин, така што тоа да им одговара на двете страни“. Во САД веќе стана традиција новиот претседател да се обидува да воспостави однос на доверба со Путин, но тоа не им успеа ниту на Обама, ниту пак на Џорџ Буш Помладиот. Секој пат излегуваше дека амбициите на Кремљ се во судир со либералниот светски поредок кој го застапуваат САД, се вели во текстот.

Сакаме да станеме центар на голема Евроазија

Шпек смета дека овој пат работите би можеле да бидат поинакви. Затоа што Трамп смета дека Америка треба да ги брани своите национални интереси, а не да игра улога на светски полицаец. Покрај тоа, една од главните цели на Трамп ќе биде борбата против радикалниот ислам на Блискиот Исток и за да го постигне тоа, тој е подготвен да соработува со Русија како во Сирија, така и во другите региони, пишува новинарот.

Исто така е можно дека Трамп сака да влезе во сојуз со Русија за да ја изолира и ослаби Кина. Во замена за сојузништвото Кремљ ќе бара слобода на дејствување во Источна Европа, а можеби и уште во некои други региони. „Европа треба да се затопли и самата  да ги брани своите интереси, ако не сака да стане играчка во туѓи раце“, предупредува авторот на статијата.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus