Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Медиум: Излегувањето на Турција од НАТО би бил огромен успех за Русија

Зближувањето меѓу Москва и Анкара предизвикува сериозна загриженост кај Западот, затоа што понатамошниот развој на односите меѓу двете земји може да предизвика излегување на Турција од НАТО и да стане огромен успех на надворешната политика на Русија, пишува „Франфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Распоред на силите на Блискиот Исток повторно се промени откако Русија, Иран и Турција склучија договор за тоа дека во Сирија не е можно „воено решение“. Тоа не беше само „пресвртна точка“ во конфликтот, туку тоа ја покажа подготвеноста на претседателот на Република Турција Реџеп Ердоган да ги намали своите амбиции во регионот заради зајакнување на односите со Русија, пишува весникот.

Турција размислува за евроазиска интеграција

Подобрувањето на односите меѓу Москва и Анкара беше тешко да се замисли, бидејќи билатералните односи меѓу двете земји фактички беа „замрзнати“ откако турските воздухопловни сили го срушија рускиот авион во воздушниот простор на Сирија на 24 ноември 2015 година. Сепак, Ердоган долго време се обидуваше да најде начин да се помири со Русија. Тој се извини во јуни за соборениот Су-24, и исто така нагласи дека е подготвен да направи сѐ за повторно да воспостави пријателски односи меѓу двете земји. И по обидот за државен удар во Турција, Ердоган дефинитивно се сврте кон Исток, со оглед на тоа дека од Западот не доби доволно поддршка, се наведува во статијата.

Сега соработката помеѓу Москва и Анкара се развива брзо. Ердоган покажа интерес за руските ПРО системи, а Москва го укина ембаргото за увоз на прехранбени производи од оваа земја. Во октомври двете земји објавија дека ќе продолжат да работат на гасоводот „Турски тек“, а во ноември Ердоган рече дека Турција не треба да се фокусира на ЕУ, туку треба да соработува со Кина и Русија, пишува весникот.

Така што за Москва „сѐ оди како подмачкано“. Поради Крим Русија повторно стана  доминантна сила на Црното Море, а сега Ердоган може за неа да го чува патот до Средоземното Море. Ако Москва успее да издејствува излез на Турција од НАТО, Русија ќе ја постигне својата најголема надворешнополитичка победа која ќе може да го засени дури и успехот во Сирија, заклучува авторот на текстот.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus