Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Реалните приходи на Русите намалени за 12,3% последните две години

Реалниот расположлив приход на Русите се намали за 12,3% од почетокот на економската криза во 2014 година, соопштува ТАСС цитирајќи го извештајот на РАНХиГС. „Во принцип, за две години, од октомври 2014 година до октомври 2016 година, реалните расположливи парични приходи опаднаа за 12,3%“, се вели во студијата на Институтот за социјални анализи и предвидувања на РАНХиГС.

Западните санкции и падот на цените на нафтата доведоа до рекорден скок на инфлацијата во Русија: во 2015 година оваа бројка беше највисока во последните 6 години и изнесуваше 12,9%. До крајот на 2016 година Централната банка на Русија успеа да ја намали инфлацијата на 5%.

Составувачите на извештајот доаѓаат до заклучок дека долготрајниот пад на реалните приходи на населението доведе до зголемување на стапката на сиромаштија, која во периодот јануари-септември 2016 година изнесуваше 13,9%. Оваа бројка е повисока од нивото за истите период во 2012-2014 година, се истакнува во извештајот.

Руската економија есенва

Во мај 2016 година просечната плата на Русите падна на 500 долари месечно, паѓајќи под нивото на просечната плата во Кина, пресмета најголемата банка во Русија „Сбербанк“. Ова, како што се истакнува во извештајот на „Сбербанк“, им овозможи на голем број  компании кои имаат фабрики во Русија да почнат со извоз на производи во странство или да го зголемат.

„Руска реч на македонски“ ги споредува просечните приходи на жителите на Русија со земјите од БРИКС, Западна и Источна Европа и наведува извадоци од рејтингот Average Monthly Disposable Salary by Country (Просечна месечна еднократна плата по земја) објавен на Numbeo.com:

Германија 2252 американски долари

Франција 1623

Италија 1511

Испанија 1380

ЈАР 1182

Словенија 1060

Кина 887

Хрватска 711

Бразил 563

Русија 516

Индија 504 

Бугарија 470

Србија 341

Македонија 297

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus