Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Објавен календар „Сириските девојки до руските војници“

Календарот е објавен на сајтот fromsyriawithlove.ru („Од Сирија со љубов“).

„Западните медиуми, зборувајќи за настаните во Сирија, често забораваат на руската хуманитарна помош, на невидената  храброст на руската војска, илјадниците цивили фактички ослободени од ропство. Но, сето тоа добро го паметат оние кои се соочиле со тешкотиите на војната“, се вели на првата страница на календарот, пренесува „Взгљад“.

„ Секоја од младите Сиријки има своја приказна, но тие се обединети со чувството на искрена благодарност до руската војска. Како знак на почит спрема Русија и нејзината култура сите модели ја носеа традиционалната руска капа – кокошник“, велат авторите на проектот.

На календарот за 2017 година, каде што секој месец на хумористичен начин го претставуваат сириски девојки од различни градови и провинции на земјата, се означени најважните денови и периоди за 2015-2016 година, а кои се однесуваат пред сѐ на операциите на ВКС Русија во Сирија.

На пример, со црвено е означен Денот на заштитникот на татковината - 23 февруари. На сликата на девојката Мајсаа Салман од Латакија пишува: „Празник имаше ти, а јас добив подарови“.

За 14 март - денот кога претседателот на РФ Владимир Путин нареди да се почне со повлекување на руските војници од Сирија – е сликата на Сара Сакер од Латакија со натпис: „Се исплашив дека повеќе никогаш нема да се видиме“.

Како живеат руските војници во Сирија

За април, кога сирискиот лидер Башар Асад ѝ предложи на руските сили да се распоредат во Тартус, на календарот има натпис: „... И јас ти предложив да се преселиш кај нас во Тартус“.

На страницата за мај е обележан бројот 5 – тогаш во 2016 година се одржа концертот на Симфонискиот оркестар на Мариинскиот театар под диригентската палка на Валериј Ѓоргиев. Илка ал-Хатиб од Хомса се прашува: „Како погоди дека обожавам класична музика?“

Јули е со потпис: „Учество на воени авиони МиГ-31 во борбените дејствија на сириска територија“ и коментар на Фатима Дукси од Алепо: „Би сакала барем за МиГ да те видам“.

Почетокот на руската операција, означен со 30 септември 2015 година, е придружен со коментарот на Марам Химси од Алепо: „Се сеќаваш како се запознавме?“

За октомври најзабележителен ден 7 октомври - роденденот на рускиот претседател Владимир Путин. На оваа страница на календарот е натписот: „Кажи ми кој ти е врховен командант, и јас ќе ти кажам кој си“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus