Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Горбачов: Може да има нов Сојуз

Поранешниот советски претседател Михаил Горбачов допушта можност за повторна појава во границите на поранешниот Советски Сојуз на нова сојузна држава.

„Советски Сојуз не, а Сојуз - да. Сметам дека може да има нов Сојуз“, изјави тој во интервјуто за ТАСС, посветено на 25-годишнината од распадот на СССР. „Во старите граници и со ист состав, доброволно...“, прецизираше тој.

Горбачов исто така објасни и зошто не се обиде да ги уапси претседателот на Русија Борис Елцин, претседателот на Белорусија Станислав Шушкевич и лидерот  на Украина Леонид Кравчук по потпишувањето на таканаречениот „Беловешки договор“. Поранешниот претседател на СССР посочи дека апсењето на републичките лидери можело да се претвори во граѓанска војна. „Мислам дека мирисаше на граѓанска војна. Тоа е опасно. Јас направив нешто друго – им ја дадов власта, си заминав за да избегнам крвопролевање“, рече тој.

Според поранешниот советски лидер, факторите кои го забрзаа падот на Советскиот Сојуз беа пучот во август 1991 година и карактерот на првиот руски претседател Борис Елцин.

Медиум: кога зборуваат САД и Русија, Германија „треба да молчи“

„Мислам дека најсериозните, од големи размери, последици дојдоа по пучот“, претпоставува тој.  Истакнувајќи дека го бранел Сојузот „до крај“, Горбачов не бега и од својот дел на одговорноста за тоа што се случи. „Требаше да се борам со таа глутница (највисоката советска бирократија која го формираше Државниот комитет за вонредни состојби и кој се обиде да го отстрани Горбачов од власта во август 1991 година), поинаку не можам да ги наречам“, смета тој.

Горбачов, исто така, тврди дека видел манифестации на „властољубие“ од Борис Елцин уште кога бил негов партиски лидер. „Тој многу се нервираше и беше многу незадоволен, оттука и сите негови протести дека не е член на Политбирото...“, изјави поранешниот советски лидер, кој беше на чело и на КПСС. Според него, Елцин едноставно „не разбра дека неговата улога е важна, но таа не беше во она што тој почна да го прави, а тој почна едноставно да се бори со Сојузниот центар“.

На 8 декември 8 1991 година лидерите на Русија, Украина и Белорусија, Борис Елцин, Леонид Кравчук и Станислав Шушкевич потпишаа договор во Беловешката шума со кој СССР престана да постои, и го прогласија основањето на Заедницата на независни држави. На 25 декември 1991 година Михаил Горбачов објави дека дава оставка на функцијата претседател на СССР.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus