ФСБ: Годинава спречени 42 терористички напади во Русија
Шефот на ФСБ Бортников како пример посочи дека е ликвидиран водачот на таканаречениот „Вилает Кавказ“, во целост е ликвидирана раководната група на терористичките групи на територијата на Кабардино-Балкарија.
Бортников исто така истакна дека се спречени и 42 терористички акти.
Москва и Санкт Петербург под закани од ИДИЛ
„Во тековната година во Москва, Санкт Петербург, Екатеринбург и Нижни Новгород од страна на органите на редот и мирот и безбедносните структури се пресечени неколку обиди за извршување терористички напади врз објекти за транспорт и на места на масовна концентрација на луѓе, планирани од страна на лица со потекло од соседните земји“, изјави Бортников, пренесува „Росијскаја газета“.
Според него, годинава се „блокирани сметки на повеќе од 2 илјади лица против кои се имаа веродостојни докази за нивно учество во тероризам, вклучително и во негово финансирање“.
Исто така, специјалните служби на Русија преземале мерки против излегување на државјани на Русија во странство кои планирале да стапат во редовите на меѓународни терористички организации.