Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Престижна награда за „Сон на летната ноќ“ на Поповски

Театарската претстава „Сонот на летната ноќ“ во режија на Иван Поповски ја освои главната награда „Sвезда на театралот“ во номинацијата за најдобра претстава - голем формат, избивајќи пред претставите на режисерите Евгениј Писарев и Роберт Вилсон.

Интересно за оваа награда е дека од номинациите до изгласаните најдобри, сѐ е во рацете на публиката. Таа со гласање на веб-страницата на списанието „Театрал“ ги предлага своите фаворити, а публиката понатаму преку Интернет-гласање ги избира своите најдобри. Оваа година во гласањето учествуваа околу 69.000 гледачи. На почетокот на септември беше оформен потесниот избор  од по три претставници, за гласањето да заврши на 30 ноември и на 5 декември на свечена манифестација во Театарот на Вахтангов да бидат прогласени победниците.

Претставата на нашиот Иван Поповски „Сонот на летната ноќ“ стана победник во две категории – најдобра епизодна женска улога за ликот на Елена за актерката Ирина Горбачова и главната награда на фестивалот за најдобра претстава во целина - голем формат.

Покрај претставата на Иван Поповски во најтесниот круг влегоа и претставите „Куќата што ја изгради Свифт“ на Театарот „Пушкин“, кој на почетокот на 20 век беше  еден од најпознатите театри на Русија и во Советскиот Сојуз, камерен театар,  предводен од легендарниот режисер Александар Таиров (еден од четирите столба, покрај Станиславски, Меерхољд и Вахтангов, врз кои се темелеше рускиот театар во тоа време) во режија на Евгениј Писарев и претставата „Сказните на Пушкин“ на Театарот на нациите во режија на големиот Роберт Вилсон.

Иван Поповски со хит на сезоната на московската театарска сцена

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus