ООН договара нова хуманитарна пауза во Алепо
„Со нетрпение чекаме одговор од Москва и Дамаск“, изјави Егеланд, пренесува „Лента.ру“.
Обама го коментираше разговорот со Путин
Тој потенцираше дека ООН веќе добила согласност за хуманитарна пауза во источно Алепо од групите на вооружената опозиција во таа област. Сепак, сега е потребно повторно да се изврши процена на бројот на луѓето на кои им е потребна итна медицинска помош.
„Тие ни дадоа заедничка согласност за планот на ООН во целина, вклучувајќи и евакуација. Ние треба повторно да го процениме бројот на луѓето на кои им е потребна евакуација. Претходно тоа беа бројки околу 200-300 луѓе. Колку ќе има сега, не знам, потребно е да направиме процена“, прецизираше Егеланд.