Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Медиум: Како Третата светска војна би можела да почне во Латвија

„Следниот потег на Путин е поопасен од претходните, затоа што тој, можно е, ќе го насочи својот поглед кон балтичките земји кои се членки на НАТО. Тој нема да испрати таму големи униформирани воени единици, затоа што дури ни најпретпазливите членки на НАТО во тој случај нема да игнорираат отворена конвенционална интервенција. Наместо тоа, Путин во текот на следните две години ќе предизвика таму милитаризирана криза со помош на своите протежеа“, пишува Милер во својата статија.

„Можно е рускојазичните Латвијци или Естонци да започнат протести, барајќи меѓународна заштита. Ќе се појави сомнително добро тренираниот „Народен фронт за ослободување на Русите во балтичките земји“. Различни убиства и диверзии ќе ги доведат балтичките земји до можност од граѓанска војна“, смета Милер.

Американскиот аналитичар исто така тврди дека „зад реториката на Русија не стои страв поради заштитата од НАТО, туку идеолошка ориентација која е хибрид од руски национализам, религиозност, фатализам и месијанство”. Милер е убеден дека „Путин има јасна цел: да го штити православното христијанство и да го шири“. А земјите од Западот, според неговото тврдење, Русија ги „гледа како закана поради нивната глобализација и дегенерација”.

НАТО vs. Русија: Зошто се споменува Трета светска војна?

Потоа, прогнозира Милер, Русија „ќе почне да ги блокира сите одлуки на Советот за безбедност на ООН и наместо тоа да ги нуди своите услуги во својство на миротворец“.

„Полска ќе се обиде да ја активира петтата точка од договорот на НАТО, изјавувајќи дека Балтикот е нападнат од Русија, меѓутоа Германија и Франција ќе бидат против. Покрај тоа, активирањето на петтата точка фактички ќе значи објава на војна на Русија“, тврди Милер. „И тогаш претседателот на САД Трамп ќе мора да реши дали вреди заштитата на Латвија за да почне поради неа Трета светска војна“, смета аналитичарот.

Милер во својата статија исто така пишува дека со дејствијата во Грузија и Украина Русија успеала да создаде спорни територии, окупирани од руската војска, што ги ограничи нивните шанси за зачленување во НАТО. „Ниедна земја никогаш нема да се зачлени во НАТО ако е делумно окупирана од Русија“, тврди Милер. Според него, Москва сега „ја има најповолната меѓународна ситуација по завршувањето на студената војна за продолжување на руската експанзија“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus