Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Русија најде докази дека терористите применувале хемиско оружје во Алепо

„Офицерите на Научниот центар на силите за радијациска, хемиска и биолошка заштита (РХБЗ) во текот на извидувањето на околината во реонот „1070“ (југозападните предградија на градот Алепо), открија докази дека терористите применувале хемиско оружје против цивилното население и сириските војници“, изјави Конашенков.

Според него, војниците нашле неексплодирана артилериска муниција на терористите со отровни материи и зеле примероци од почвата на местото на нивната примена.

„По извршената експрес-анализа во мобилната лабораторија е утврдено дека отровните материи, со кои биле наполнети артилериските гранати на милитантите, со висока веројатност се хлор и бел фосфор“, истакна портпаролот на рускиот одбранбен ресор, пренесува РИА „Новости“.

Захарова: Западните медиуми „да најдат сили“ да напишат за Алепо

Претходно беше соопштено дека заедничката мисија на ООН и Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОЗХО) по истрагата на случаите за употреба на хемиски материи за воени цели во Сирија го прогласи Дамаск за одговорен за два од вкупно девет хемиски напади кои ги истражувале, додека еден од нападите бил извршен од страна на милитантите на терористичката организација „Исламска држава“. Во последниот извештај мисијата ги обвини сириските власти за уште еден хемиски напад. Експертите заклучија дека бил употребен токсичен гас во провинцијата Идлиб на 16 март 2015 година.

Како што изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Москва смета дека извештајот на ОЗХО за употребата на хемиско оружје во Сирија е корисен и е подготвена да помогне во истрагата.

Постојаниот претставник на Русија во ОН Виталиј Чуркин притоа истакна дека за поднесениот извештај „остануваат многу прашања“. Чуркин исто така потенцираше дека извештајот на мисијата на ОН и ОЗХО е недоволен за да се воведат санкции на Советот за безбедност на ОН против Сирија.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus