Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Захарова ги прогласи „Гардијан” за лажговци на денот

Новинарите на „Гардијан“ не бараа коментар ниту од Советот за безбедност, ниту од Министерството за надворешни работи во врска со руските државјани кои наводно биле вклучени во заговор во Црна Гора, што значи дека објавената статија е само провокација, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, пренесува „Взгљад”.

Текстот во весникот „Гардијан“ за тоа дека (секретарот на Советот за безбедност на РФ Николај) Патрушев се извинил за „руските националисти“ кои планирале атентат на премиерот Мило Ѓукановиќ, во кој новинарот се повикува на некакви „извори“, претставува класична провокација која се заснова на ширење очигледно лажни информации“, напиша Захарова на својот „Фејсбук“ профил.

Таа додаде дека постои непобитен доказ за тоа.

„Никој од весникот се нема обратено до Советот за безбедност на Русија, ниту до прес-центарот на Министерството за надворешни работи со барање да ја потврдат или негираат оваа информација. Ваквиот пристап е во целосна спротивност со барањата кои се поставуваат пред соработниците на западните медиуми. Му се обраќам на „Гардијан“: дали не ви даваат мир ловориките кои неодамна ги собра „Њусвик“? Но, јас ве прогласувам за „лажговци на денот“, напиша Захарова.

Кремљ категорично негира вмешаност во настаните во Црна Гора

Претходно, „Гардијан“ повикувајќи се на извор близок до српската влада, соопшти дека шефот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев за време на посетата на Белград, наводно, се извинил за активностите на руските граѓани кои се приведени под сомнение за вмешаност во обидот за државен удар во Црна Гора.

Министерството за надворешни работи на Русија претходно соопшти дека посетата на секретарот на Советот за безбедност на Русија на Белград била планирана и дека подготовката траела неколку месеци. Информациите во врска со депортацијата на руските граѓани од Србија ги нарече измислица.

На 6 ноември специјалниот обвинител на Црна Гора Миливој Катниќ соопшти за обидот на група граѓани од Србија, Црна Гора и Русија да извршат терористички напад на 16 октомври. Според него, организатор на оваа група биле националисти од РФ кои сметале дека, ако власта во Црна Гора предводена од премиерот Мило Ѓукановиќ не може да се смени преку избори, треба да биде соборена насила. Притоа обвинителот истакна дека Црна Гора нема никакви докази за тоа дека руските власти се вмешани во тоа. На 16 октомври во Црна Гора беа уапсени 20 државјани на Србија под сомнение за подготовка на терористички напади, пишува ТАСС.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus