Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Русија го крати воениот буџет


Поради ниските цени на нафтата владата на Русија повеќе не може да ги финан

Руските власти решија да ги намалат трошоците за одбрана за еден билион рубли (15.89 милијарди долари), односно за околу 30%. Ова може да се заклучи од предлогот на федералниот буџет што владата кон крајот на октомври го поднесе до Државната дума, соопштува бизнис-весникот Комерсант. За ставката „национална одбрана“ од федералниот буџет во 2017 година ќе бидат издвоени 2,84 билиони рубли (45.15 милијарди долари) или 3.3% од бДП. „Во услови на намалени приходи повеќе не се размислува за компромиси за време на делењето на буџетот. Важно е да се зачува макар и редуцирано финансирање на народното стопанство и државата во сите најважни насоки“, објаснува аналитичарот на групацијата „Финам“ Алексеј Калачов. Според рускиот експерт, во услови на ниски цени на нафта би било чудно воените трошоци да се зголемуваат, а социјалните да се намалуваат. Поради тоа воените трошоци постепено ќе се намалуваат. На пример, во 2018 година ќе изнесуваат 3% од БДП, а во 2019 уште помалку – 2.8%.

Редукција во сите домени

Владата беше поттикната на ваков чекор по примерот на доцниот Советски Сојуз. Имено, советската власт и покрај падот на цената на нафтата продолжи да ги зголемува воените трошоци, што меѓу другото предизвика длабока криза и подоцна доведе до распад на земјата. „Кога станува збор за буџетското планирање, најважна поука може да се извлече од буџетот на доцниот СССР, од каде се гледа каква опасност претставуваат хипертрофираните воени трошоци“, вели советникот за макроекономија на генералниот директор на брокерската компанија „Откритие Брокер“ Сергеј Хестанов. Според него, токму тоа е причината што владата решила да ги редуцира воените трошоци за една третина, иако ваквото кратење на буџетот ќе биде болно за военоиндустриските претпријатија.

7 руски компании на врвот на светскиот извоз на оружје

Со предлогот е предвидено кратење на буџетот за речиси сите ставки, но најмногу ќе „настрада“ токму воената индустрија. „Исклучок е социјалната сфера за која во 2017 година ќе бидат издвоени повеќе пари, што може да се објасни со предизборниот претседателски циклус, со оглед на тоа дека наспроти изборите маслото е поважно од топовите“, вели Алексеј Калачов. Од 2017 година започнува и планираниот пораст на трошоците за опслужување на државниот долг. Ова се објаснува со фактот дека во овој период Резервниот фонд (каде се чуваат средствата стекнати со продажба на скапа нафта) во целост ќе бидат потрошени за покривање на буџетскиот дефицит, по што најголемиот извор на покривање на буџетскиот дефицит ќе стане порастот на државниот долг.

Штедење на прво место

Обемот на дефицитот на буџетот зависи пред сè од цената на нафтата. Владата планира во 2016 година да го задржи дефицитот на ниво од 3% од БДП. „Во моментов во предлогот на буџетот за следната година се внесени релативно 'конзервативни' цени на нафтата, што само по себе подразбира редукција на трошоците“, вели аналитичарот на групацијата ТелеТрејд Михаил Поддубски. Згора на тоа, според него, во иднина трошоците веројатно ќе мора уште да се редуцираат.

Во услови на недостиг од државни средства владата веќе се откажа од отпочнување нови проекти. Дури и го редуцираше финансирањето на реконструкцијата на главните железнички магистрали кои ја спојуваат Европа со Далечниот Исток, односно Транссибир и БАМ. Во целина, планирано е номиналните трошоци од буџетот до 2019 година да бидат намалени за 16.2% во однос на 2016 година кога процентот изнесува 19.8. Згора на тоа, во согласност со долгорочниот план, Министерството за финансии на РФ планира до 2034 година да ги редуцира државните трошоци на 13.1% од БДП.

8 нови модели руско оружје на форумот „Армија 2016“

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus