Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Чавушоглу: Турција никогаш нема да ја заборави помошта од Русија

Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу во интервју за телевизијата „Русија 24“ ѝ се заблагодари на Москва за поддршката во текот на неуспешниот обид за државен удар во Турција.

Тој исто така рече дека е подготвен лично да ѝ се извини на вдовицата на пилотот на рускиот Су-24 што беше соборен од турски ловец над Сирија и дека Анкара има желба да обезбеди финансиска поддршка на семејството на пилотот Олег Пешков.

Чавушоглу исто така рече дека Анкара побарала од Русија потврда за вината на милитантот Алпарслан Челик кој претходно ја презеде одговорноста за убиството на Пешков.

3 прашања: Што се договорија Путин и Ердоган?

Покрај тоа, Чавушоглу ѝ се заблагодари на Русија и на „целиот руски народ“ за поддршката на легитимните власти на Турција во текот на неуспешниот обид за државен удар.

Тој потенцираше дека Турција никогаш нема да го заборави тоа.

„Од страна на Русија уверливо беше покажано кој е нашиот вистински пријател. Господинот Путин ни даде целосна поддршка и помош, вклучително и во сферата на размена на разузнавачки податоци“, додаде министерот.

Тој истакна дека „и покрај воведувањето на мерките од страна на Русија, ние не воведовме санкции и останавме единствената земја на НАТО која не воведе антируски санкции“.

Според Чавушоглу, Турција сака Русите да имаат можност да дојдат во земјата со пасош за внатрешна употреба.

Неколку месеци жестока пропаганда не можат да исчезнат без трага

„Се разбира, од гледна точка на безбедноста, неопходно е да се преземат мерки во врска со тоа, бидејќи Русија имаше сомневања по тој повод“, објасни тој.

Министерот истакна дека во односите меѓу двете земји настана криза и за нивна обнова е потребно да се преземат реципрочни чекори.

„Два народа кои имаат еден за друг заемна љубов не треба да ги кинат таквите тесни врски“, рече шефот на турското МНР.

Чавушоглу изрази надеж дека во 2017 година приливот на руски туристи во Турција ќе биде поголем.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus