НАТО ја критикува Шпанија поради руски бродови
НАТО ја критикува Шпанија поради тоа што дала дозвола групата бродови на Воената морнарица на Русија да влезе во шпанско пристаниште за да наполни гориво и да се снабди со потребните залихи, пишува британски „Гардијан“.
Салви од русофобија:зошто НАТО запаѓа во хистерија поради Адмирал Кузнецов
Според информациите на шпанскиот весник „Ел Паис“, Министерството за надворешни работи на Шпанија донело одлука да ја ревидира дозволата откако Северноатлантската алијанса, чија членка е земјата, го изразила своето незадоволство.
„Гардијан“ додава дека поранешниот командант на Воената морнарица на Велика Британија Алан Вест ја нарекол одлуката на Мадрид да ги пушти бродовите во пристаништето „неверојатна“ во услови на антируските санкции.
Руските бродови, предводени од носачот на авиони „Адмирал Кузнецов“, како што се очекува, треба да впловат во пристаништето Сеута на 26 октомври.