Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Русија создаде сопствен воен интернет

Руската војска доби заштитена мрежа која не е соединета со глобалниот систем. Во армијата нејзиниот назив е „Затворен сегмент за пренос на податоци“ (ЗСПД).

„Последните работи беа завршени и сега мрежата функционира во целосен обем. Во моментов планираме да ја прошириме со инсталирање на дополнителни терминали во воените единици и установи“, изјави извор на весникот „Известија“ во Министерството за одбрана на РФ.

Како што соопштуваат медиумите, компјутерите во мрежата се заштитени од поврзување со надворешни уреди кои не добиле одобрување за користење од службата за безбедност – мемориски уреди, надворешни мемории и др.

Исто така на каналите на Министерството за одбрана на РФ е направен сервис за електронска пошта кој овозможува војниците да ги добијат сите документи за извршената работа  - извештаи, рапорти, барања, вклучително и документи со ознака „доверливо“.

Руските мобилни оператори ќе ѝ помагаат на одбраната

„На територијата на секоја воена единици има сервери со информација. Пристап до тие простории може да се добие единствено со дозвола на командата на единицата“, изјави за „Руска реч на македонски“ извор во одбранбено-индустрискиот комплекс.

Како што истакна тој, документите со назнака „строго доверливо“ и „тајна“ се предаваат на вообичаениот начин – до високите офицери на единицата од рака в рака во придружба на вооружено обезбедување.

Карактеристики на мрежата во Русија и во странство

„Оваа мрежа е со зголемена заштита и без пристап до надворешниот свет. Таму нема никакви излези за несанкционирано приклучување, но притоа во неа се инсталирани системи за шофрирање и кодификација на сите јазли“, изјави за „Руска реч на македонски“ водечкиот аналитичар на Руската асоцијација за електронски комуникации Карен Казарјан.

Според неговите зборови, разработката на затворени канали за Министерството за одбрана на РФ почнала уште во времето на Советскиот Сојуз и оваа мрежа се базира на протоколи од фамилијата X.25 кои се одликуваат со висока сигурност.

Специјалистите за сајбербезбедност го разоткриваат „Проектот Саурон“

„Во својата работа војската става акцент не на брзината на пренос на податоците, туку на нејзината безбедност. Притоа војската во многу земји во светот апсолутно не се стреми кон усовршување на постојните системи и често може да работи со оние кои биле направени пред децении“, истакна аналитичарот.

Како пример може да се наведе искуството на САД. Според експертот, Пентагон не користи мрежи од нова генерација.

„Тоа се однесува во прв ред на стратешката команда. Тие претпочитаат стари и сигурни технологии – модернизираните канали за врска ја немаат поминато проверката на службата за безбедност“, истакна Казарјан.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus