Расте поддршката за членство во Европската унија. Сепак, 46 насто од населението смета дека опструкции од соседните држави се најголема пречка кон евроинтеграциите, а зголемена е и поддршката за промена на преговарачката рамка со ЕУ. Од друга страна, уставните измени се перцепираат како неопходни, но не и итни, покажуваат истражувањата на организацијата „Социетас Цивилис“.