Превозници од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денеска координирано ќе ги блокираат товарните гранични премини кон европската Шенген зона. Ваквата одлука е предизвикана од новиот Систем за контрола на нивен влез и излез во Унијата. Компаниите тврдат дека се соочуваат со депортации и економска штета и бараат ЕУ да ги изостави транспортните фирми.