Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Какви опции, воени или други, имаат САД против Иран?

Воената акција на САД против Иран се чини дека се врати на политичката агенда во Вашингтон, во услови на сè посмртоносно владино задушување на демонстрантите во градовите и местата низ целата земја.
Според непотврдени извештаи, над 500 луѓе се убиени, а некои групи за човекови права велат дека бројот може да биде неколку пати поголем во обидот за задушувањето на востанието, еден од најголемите предизвици за Исламската револуција во 1979 година.
Демонстрациите беа предизвикани од високата инфлација и падот на валутата, но во меѓувреме, тие прераснаа во поширок протест против владата.
И Вашингтон и Техеран посочија дека се отворени за разговори. Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека во секој случај би можело да се преземат мерки со оглед на извештаите за брутални дејствија против демонстрантите.
„Можеби ќе се сретнеме со нив. Средбата е во фаза на организирање, но можеби ќе мора да дејствуваме поради она што ќе се случи пред состанокот“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион на 11 јануари.
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, на 12 јануари изјави дека „Исламската Република Иран не бара војна, но е целосно подготвена за војна“.
Па какви опции има Вашингтон ако дипломатијата не успее?
Ограничени удариГледано од позитивната страна, ограничените напади врз симболични цели би значеле помал ризик за американските вооружени сили и цивилите да бидат погодени.
Тие ,исто така, би биле полесни за спроведување во рамките на американските воени капацитети во регионот и пошироко и е замисливо дека би можеле да се извршат без вклучување на американските сојузници во Заливот.
„Тоа е најбезбедната опција. Нема иста веројатност за несакани последици како... кога се обидувате да уништите клучна воена инфраструктура“, изјави за РСЕ/РЛ на 12 јануари Марина Мирон, гостин истражувач на Одделот за воени студии на Кингс колеџот во Лондон.
Некои аналитичари велат дека таа опција има неколку недостатоци, првенствено затоа што би му дозволило на режимот да ја зајакне патриотската поддршка и да го одвлече вниманието од незадоволството што ги поттикнува демонстрациите низ целата земја, а притоа да направи мала значајна штета.
Исто така, може да им сигнализира на демонстрантите дека Вашингтон не им доаѓа на помош додека иранските безбедносни сили ги убиваат и апсат.
Пример за таква цел би бил објект како што е касарна што им припаѓа на полицијата, паравоените формации Басиџ или Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
Поупорна кампањаПофокусирана кампања на напади против ИРГК би можела да има поголемо влијание, особено ако е поширока и вклучува напади врз ракетните објекти, командата и контролата на Иран и другите безбедносни сили.
Еден од проблемите е што американските поморски сили во регионот моментално немаат доволен број и капацитет. Најблискиот носач на авиони, УСС „Абрахам Линколн“, моментално е во Јужното Кинеско Море, каде што спроведува вежби со боева муниција. Се наоѓа на неколку дена пловење од Персискиот Залив.
Американските сили имаат воени бази во регионот, во земји како Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Катар. Сепак, тие земји наводно побарале од Вашингтон да не презема воени дејствија.
Многумина може да бидат во состојба на готовност за ирански контранапад. За време на 12-дневната војна во јуни, кога Израел и САД ја нападнаа нуклеарната програма на Техеран, ракетниот напад на Иран врз воздухопловната база во Катар предизвика нервоза.
Тој напад беше во голема мера симболичен, но Иран се закани дека ќе возврати на нов американски напад, а овој пат може да биде позначаен.
Извозот на фосилни горива до сојузниците на САД во Заливот, кои минуваат низ Ормутскиот теснец, би можел да биде нарушен. Израел ,исто така, би можел да биде нападнат, отворајќи ја можноста за поширок регионален конфликт.
„Сегашната ситуација за Исламската Република е егзистенцијална. Тоа е битка... која директно ја таргетира самата природа и суштина на режимот“, изјави за Радио Фарда (иранска служба на РСЕ/РЛ) Али Мамури, истражувач на Универзитетот Дикин во Австралија.
„Доколку биде нападнат, речиси сигурно ќе возврати со сите свои расположиви капацитети.“
Специјални сили, атентатПо уривањето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро, дали врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, е следниот на списокот за апсење од американските специјални сили?
Слична операција се чини малку веројатна. Американските сили беа во многу поголем број околу Венецуела, а, како што објавија медиумите, им помагаа и разузнавачки извори во рамките на режимот.
Друго сценарио би можело да биде атентат, обезглавување на режимот и започнување борба за власт во Иран. Ова во голема мера би зависело и од квалитетот на разузнавачките информации.
Аналитичарот Мирон од Кингс колеџот рече дека „најлогичната опција“ би била „комбинирање на разузнавачките напори на терен, евентуално вооружување на опозицијата обидувајќи се да ја преземе контролата врз барем еден голем град, а потоа да се прошири оттаму“.
Клучниот недостаток овде би бил тоа што исходот е непредвидлив и може да доведе до поголем хаос и крвопролевање. Сепак, нов режим, дури и оној предводен од ИРГК, би можел да биде подготвен да соработува со Вашингтон.
„Мислам дека е веројатно“, изјави за Радио Фарда на 6 јануари Мајкл Рубин, поранешен службеник на Пентагон, кој сега е виш соработник во Американскиот институт за претприемништво во Вашингтон.
Блокади, кибер напади, звучно оружјеТрамп има и други опции на маса во Овалната соба.

„Многу е веројатно дека се разгледуваат и невоени опции. Тие би можеле да вклучуваат целосна економска блокада на Иран за да се спречи неговиот извоз на нафта во Кина или кибер напади што би ги нарушиле комуникациските системи и системите за донесување одлуки на безбедносните агенции на Иран“, изјави за Радио Фарда Али Ваез, директор на проектот за Иран во Меѓународната кризна група.

Кибер напади се случиле и претходно.

Во 2021 година, иранските бензински пумпи беа цел на кибер напад, за кој Иран ги обвини САД и Израел без да обезбеди докази. Слични напади се случија и потоа.

Во 2019 година, Иран тврдеше дека го пробил шпионскиот прстен на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) по кибер напад врз системи за оружје. Американските медиуми во тоа време објавија дека станува збор за американски напад, повикувајќи се на неименувани владини претставници.

Кибер напади се случиле и претходно.
Може да има и помалку конвенционални опции за напад.
По американската операција во Венецуела, портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, сподели изјава наводно дадена од човек кој преживеал напад со звучно оружје.
„Беше како многу интензивен звучен бран. Одеднаш почувствував како главата да ми експлодира одвнатре. Крвта почна да протекува од носот на сите. Некои повраќаа крв. Паднавме на земја, не можевме да се движиме“, беше цитирана неговата изјава.
Сепак, тој извештај не е независно или официјално потврден.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus