СДСМ е пред избор на ново раководство откако пред речиси пет месеци Венко Филипче ја презеде лидерската позиција. Откако го доживеа најголемиот пораз, тешко дека ќе направи чуда до локалните избори за помалку од една година, оценуваат дел од аналитичарите затоа што новото раководство прво го очекува многу работа внатре во партијата, а дури потоа ќе треба да се сврти кон граѓаните.