Шумите се предмет на интерес на криминалните групи. Ова е светски бизнис број три, по фалсификуваните трговски марки и трговијата со дрога, затоа што постои помала казнивост на нелегалната сеча на дрвја. Очигледно овој тренд е и кај нас вели Сашко Петровски еден од основачите на Регионалниот центар за шумарство и рурален развој „Рефорд“. Тој во Поткастот „Зошто“ додава дека е еден од главните проблеми е корупцијата.