Министерството за внатрешни работи соопшти дека се лажни денешните дојави за бомби во 18 училишта во Скопје и едно во Прилеп.
Полицијата излегла на терен веднаш по добиените пријави, по што се извршени потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
На електронските адреси на 18 училишта во Скопје и едно во Прилеп денеска беа упатени закани за поставени експлозивни направи.
Во изминатите денови секојдневно има нови дојави за бомби во училиштата, но и во други институции, приватни станбени згради, трговски центри, музеи...
Министерството за образование и наука вчера информираше дека е испратен допис до директорите на училиштата кога ќе добијат закани за поставени експлозивни направи, да ја продолжат наставата онлајн.