Три лица се ранети во централниот дел на Лондон, откако во нив било пукано од автомобил во движење, соопшти лондонската полиција на својата официјална веб-страница.
Според информациите од полицијата, повредени се три жени на возраст од 54, 48 и 41 година. Инцидентот се случил во близина на црква каде се одржувал погреб. Британскиот јавен сервис Би-Би-Си пак, наведе дека при пукањето повредено е и седумгодишно девојче.
Шестгодишно дете со пиштол ранило учителка во САД
Во соопштението на полицијата се наведува дека и девојче било пренесено во болница поради повреди „за кои се претпоставува дека ги добила во истиот инцидент“.
Од полицијата дополнително велат дека истрагата е во тек и ги повикаа очевидците и сите кои имаат информации за пукањето да се јават и да помогнат во истрагата.