Погрешни факти, погрешна хронолошка рамка и периодизација се дел од спорните информации во учебникот по историја и општество за петто одделение. Историчарот Васко Гичевски забележува и проблем со профилирањето на историските личности без притоа акцентот да биде ставен на историскиот наратив.