По судирите кои траеа повеќе од една седмица повторно се отвори клучниот граничен премин меѓу Пакистан и Авганистан.
Пакистан го отвори граничнот премин Чаман-Спин Болдак со Авганистан, кој беше блокиран пред повеќе од една недела поради судирите меѓу двете земји.
Црвен крст – Сè повеќе Авганистанци ќе се борат за живот
Повторното отворање дојде откако Абдул Хамед Зохри, заменик комесар на Чаман во Пакистан, рече дека талибанските лидери во Авганистан ветиле дека ќе ги уапсат и казнат напаѓачите на пакистанскиот војник убиен во насилството.
Двете земји делат граница долга 2.500 километри позната како линијата Дуранд, која Пакистан ја смета за меѓународна граница.
Авганистан ја отфрла границата од колонијалната ера која беше создадена во 1893 година.