Нацрт-резолуцијата на Соединетите држави, Британија, Германија и Франција во која се критикува Иран дека не одговорил целосно на прашањата на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ) за трагите од ураниум на непријавени локации, е испратена агенсијата, изјавија тројца дипломати. Официјалниот текст, според новинската агенција Ројтерс, е многу сличен на нацртот објавен во минатата недела. За него ќе се дебатира и ќе се гласа на состанок на Одборот на гувернери од 35 земји. Неколку дипломати рекоа дека резолуцијата веројатно ќе помине и покрај предупредувањата од Иран за последиците врз разговорите за спасување на иранскиот нуклеарен договор од 2015.
Израел загрижен поради иранската нуклеарна програма
Според иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, на Техеран му е понудено да укине некои од санкциите што ја задушија неговата економија во замена за драстично намалување на неговата нуклеарна програма, која е под строга контрола на ОН. Сепак, САД еднострано се повлекоа од договорот од 2018 година под претседателство на Доналд Трамп и повторно ги воспоставија санкциите. Како одговор, Иран постепено се откажа од своите обврски. Критичната резолуција, прва од јуни 2020 година, го повикува Иран да соработува со МААЕ. Сè уште не е познат датумот на гласањето, но според еден дипломат тоа би можело да се одржи денеска или утре. Генералниот директор на ОН Рафаел Гроси во понеделникот изрази жалење поради недостатокот на „технички веродостојни“ одговори на Иран за трагите од збогатен ураниум пронајдени во три непријавени локации во земјата.