Четири од петте главни проблеми на граѓаните со години се поврзани со економијата, но се чини дека нема решенија за тие проблеми. Платите со години растат, а невработеноста се намалува, но тоа очигледно не е доволно. Ако се мерите со себе има напредок, но ако се споредите со светот, се гледаат огромните разлики, вели аналитичарот Сефер Селими.