Поранешниот руски министер за економија Алексеј Улјукаев, кој во 2017 година беше осуден на осум години затвор за поткуп, е ослободен од затвор откако обвинителството одлучи да не поднесе жалба на судската одлука минатиот месец со која беше прифатено неговото барање за предвремено ослободување.
Улјукаев беше осуден во декември 2017 година за земање „голем поткуп“ и осуден на осум години затвор во строг режим. Исто така, му беше наредено да плати казна од 130 милиони рубљи односно 1,8 милиони долари.
Започна судењето на екс министерот за економски развој на Русија
Улјукаев, кој беше отпуштен од претседателот Владимир Путин неколку часа по неговото апсење среде ноќ во ноември 2016 година, е највисокиот руски функционер кој е уапсен по распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година.
Тој беше прогласен за виновен за земање готовина од два милиони долари од шефот на државниот нафтен гигант Роснефт, Игор Сечин. Сечин е долгогодишен соработник на Путин.
Медведев: Апсењето на министерот е вонреден настан
Обвинителите рекоа дека митото било дадено во замена Улјукаев да ја одобри продажбата на државната нафтена компанија Башнефт на Роснефт.
Полицијата го уапсила Улјукаев во седиштето на Роснефт набргу откако Сечин му ги предал парите во кафена торба, објавија тогаш обвинителите. Улјукаев во судот тврдеше дека му била поставена стапица, затоа што мислел дека во торбата има подарок. 66 годишниот Улјукаев се сметаше за член на либералниот табор во руската владејачка елита, додека Сечин, долгогодишен заменик началник на кабинетот на Кремљ, се смета за тврдокорен и еден од најблиските сојузници на Путин.