Владата на Косово го направи првиот чекор кон аплицирање за зачленување на државата во Советот на Европа, усвојувајќи ја иницијативата за членство во оваа меѓународна организација. Министерството за надворешни работи и дијаспора треба да ги спроведе сите процедури за зачленување согласно легислативата што е во сила.
Во Брисел неформална вечера за лидерите на Западен Балкан
Во Советот на Европа членуваат 46 држави и за прием на нова членка потребни се гласовите на две третини од нив. Како што јавуваат медиумите во Приштина, надежите на косовските власти за прием во организацијата пораснаа по исклучувањето на Русија од неа.
Советот на Европа е меѓународна организација за човекови права, демократија и владеење на правото, со седиште во Стразбур, Франција.
Идејата на Макрон за Западен Балкан надвор од ЕУ
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел изјави дека аплицирањето на Косово за членство во Советот на Европа би претставувало кршење на договорите меѓу двете држави потпишани со меѓународно посредништво и најави „сериозен одговор“ и „последици“ доколку тоа се случи.