Група од 27 мигранти, меѓу кои и 10 деца, кои биле во мал чамец, се спасени во каналот Ламанш и денеска сите се вратени во западна Франција.
Германија депортираше десетици авганистански баратели на азил во Кабул
Регионалниот оперативен центар за надзор и спасување утринава околу 5:30 го „контактирале мигранти кои пријавиле проблеми на чамец со 27 луѓе, вклучувајќи 10 деца, на 18 наутички милји (33 километри) од Сен Мело“, соопшти поморската префектура на Атлантикот, надлежна за тоа подрачје.
Властите испратиле рибарски брод да им помогне и мигрантите се префрлени на сигурно.