Судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар определи мерка притвор од триесет дена на мајката чие дете настрада во пожар во стан во Гостивар.
Таа вчера беше лишена од слобода под сомнение дека го врзала седумгодишниот син со синџир за нозете, што го отежнало неговото спасување од огнената стихија.
Од судот потврдија дека жената е испратена во КПУ Скопје.
Од ОЈО наведуваат дека на 16 март, во станот во кој престојувало семејството избувнал пожар и затоа што било врзано за креветот детето не успеало да го напушти домот и го загубило животот. За кривичното дело за кое е осомничена жената е предвидена казна затвор од најмалку пет години.
По пожарот во Гостивар, трите деца згрижени, мајката приведена
Во меѓувреме, сè уште се работи на утврдување на причините за пожарот. Останатите малолетни деца на осомничената се згрижени преку Центарот за социјална работа во Гостивар.