Кои се начините за Бугарија, која има вишоци на струја, да и помогне на Македонија во енергетската криза без да се нарушат правилата што ги налага Европската Унија, било разговарано денеска во Софија на трилатералната средба меѓу претседателот на државата Стево Пендаровски, со бугарскиот колега Румен Радев и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Како што појасни Пендаровски по средбата, во Бугарија имало подготвеност да помогне преку солидарните фондови, по примерот како со вакцините за време на пандемијата. Читать дальше...
Пуштањето во употреба на интерконекторот за гас меѓу Бугарија и Грција, ќе значи ослободување од зависноста од рускиот гас за регионот и можност за диверзификација на изворите на овој енергенс. Според претседателката на ЕК, Фон дер Лајен, овој проект значи слобода.
Иранците и нивните приврзаници ширум светот излегоа на собири за да покажат солидарност со протестите во Иран, предизвикани од смртта на притворената Махса Амини. 22-годишната жена почина во болница на 16 септември, три дена откако полицијата за морал ја одвела во „центар за превоспитување“ на часови за скромност поради наводно носење хиџаб на начин кој не бил во согласност со строгите прописи на Иран. Митинзи се одржани во 159 градови низ светот, меѓу кои Окленд, Њујорк, Сеул и Цирих, се наведува... Читать дальше...
Сојузничката поддршка од САД за Македонија ќе изнесува 78 милиони долари, средства наменети за модернизација, опремување и унапредување на капацитетите на Армијата, соопшти денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска. „Ја добивме веста за сојузничка поддршка од вкупно 78 милиони долари кои ќе се насочат во проектите потребни да ги достигнеме НАТО целите на способности и ќе ни овозможат уште поинтензивно да ги развиваме нашите капацитети – да се модернизираме, да се опремуваме, да имаме посилна сајбер одбрана... Читать дальше...
Поради скапата струја и растот на берзанските цени на пченицата, меничарите најавуваат дека до крајот на ноември цената на лебот, брашното и печивата ќе порасне за најмалку 10%. Затоа бараат субвенции за струја или да бидат додадени на регулираниот пазар, вели претседателот на Групација на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора, Горан Малишиќ. Тој додава дека од голема корист би биле и ноќните вишоци што ги продава ЕСМ, зашто 75 отсто од производството на пекарската индустрија се изведува ноќе. Читать дальше...
Неколку десетици Авганистанци, главно жени, излегоа на протести, еден ден по самоубиствениот бомбашки напад во кој загинаа десетици лица, најмногу од нив ученички кои се подготвуваа за приемните испити на универзитетот во Кабул. Полицијата соопшти дека билансот на загинатите во нападот на 30 септември е „најмалку 20 лица“, додека Обединетите нации за новинската агенција АФП на 1 октомври рекоа дека најмалку 35 лица загинале, а 82 се ранети. Повеќето од жртвите беа од малцинската заедница Хазара... Читать дальше...
Гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција ќе ја промени енергетската карта на Европа, зголеми енергетската безбедност и ќе овозможи диверзификација на изворите на снабдување со гас во регионот, беше истакнато денеска во Националната палата на културата во Софија каде се одржа церемонијата за официјално пуштање во употреба интерконекторот. „Интерконекторот меѓу Бугарија и Грција драстично ја менува енергетската карта на Европа и конечно имаме вистински проток на гас од Азербејџан“, изјави домаќинот на настанот... Читать дальше...
Поради дождот и штедењето струја албанската Влада ја повлече одлуката за четирикратно поскапа струја за домаќинствата кои трошат најмногу електрична енергија, односно над 800 киловат часови месечно. Таа требаше да стапи во сила денеска, но премиерот Еди Рама, во денешната онлајн комуникација со граѓаните, најави дека е можно да се примени од следниот месец, во зависност од тоа колку самите граѓани ќе штедат струја и какво ќе биде времето. Македонија во минус, Албанија целосно зелена, БиХ... Читать дальше...
Скрининг процесот отворен во рамки на пристапните преговори за влез на Македонија во Европската Унија заедно со енергетската криза биле главните теми на разговор на денешната средба на македонскиот претседател Стево Пендаровски со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен во Софија. Како што соопштија од претседателскиот кабинет, во однос на во пристапните преговори за влез во ЕУ, Пендаровски истакнал дека земјава е подготвена да ги направи потребните реформи во клучните области... Читать дальше...
Доколку Република Бугарија ја прифати нашата понуда за откуп на електрична енергија по фиксна цена од 200 евра за мегават час, колку што може да поднесе нашето стопанство, можеме да постигнеме договор, но доколку тие инсистираат да плаќаме по цената која е на берза, нема да се согласиме и ќе продолжиме со нашите домашни капацитети, истакна министерот за економија Крешник Бектеши, во синоќешното гостување во 360 степени на Алсат ТВ, осврнувајќи се на преговорите со Бугарија за набавка на струја. ... Читать дальше...
На 2 октомври во Бугарија ќе се одржат четвртите парламентарни избори за помалку од две години. Политичката нестабилност на земјата е помогната од мали партии кои се националистички, антилиберални и цврсто проруски настроени. Десислава Димитрова и Иван Бедров
Северна Кореја на 1 октомври лансираше две балистички ракети кон Јапонското Море, што е нејзин четврти ракетен тест во последната недела. Јужнокорејската војска го пријавила тестот без да даде дополнителни детали, објавија локалните медиуми. Јапонија објави дека проектилите поминале 350-400 километри и достигнале височина од 35-50 километри. Северна Кореја истрела две балистички ракети пред посетата на Камала Харис на Јужна Кореја Неколку резолуции на Обединетите нации и забрануваат на... Читать дальше...
Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди кое попладне во западните делови на земјата, а ноќеска и на останатата територија, ќе биде пооблачно со повремен дожд. Од УХМР најавуваат дека наместа врнежите ќе бидат поројни, со грмежи и силен ветер. Максималната температура ќе биде меѓу 22 до 28 степени. Собранието изгласа продолжување на кризните состојби со струјата и парното Во делови од Скопската Котлина врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи... Читать дальше...