Секој втор жител на Русија носител на генетска мутација
Како што изјави првиот човек на компанијата, научниот соработник на Институтот за општа генетика на РАН Валериј Иљински, присуството на мутација во гените на родителите не гарантира раѓање на болно дете.
Генетски мас-маркет
„Опасноста настанува во случај ако кај идните родители присуствуваат исти мутации. Тогаш веројатноста за раѓање на детето со заболување изнесува 25%, како и веројатноста за раѓање на здраво. А можноста дека детето ќе се роди здраво, но ќе биде носител на генетско заболување, како и неговите родители, изнесува 50%. Во последниов случај детето ризикува да им ја пренесе мутацијата на своите деца“, изјави Иљински, пренесува „Взгљад“.
Меѓу трите најчести заболувања научниците ги наведоа хемохроматозата (4,2% од испитаните), миотонијата или Томсеновата болест (3,1%) и хомоцистеинијата (2,7%).