Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Извозот на патнички автомобили од Русија во 2017 година зголемен за 61%

Со исклучок на земјите од Царинската унија (Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан), во странство се испорачани 24 илјади автомобили, соопштува информативно-аналитичката агенција „Автостат“.

Најпопуларно возило за извоз од Русија е „Шкода“ со речиси половина од бројот на извезени автомобили. Најизвезуван модел е кросоверот „Јети“. На второто место се автомобилите на АвтоВАЗ со 23% од вкупниот – извезени 5,5 илјади возила. Третото место го делат „Хјундаи“ и „Рено“, додека на петтото место е „Фолксваген“, кој во првата половина на 2017 експортирал од Русија повеќе од 1000 патнички автомобили.

Медведев: програмата за поддршка на извозот на автомобили ќе продолжи

Што се однесува до конкретни модели, покрај веќе споменатиот „Јети“, на пиедесталот на лидерите е и џипот ЛАДА 4x4 (2,9 илјади возила за извоз) и седанот „Веста“ (1,4 илјади возила). „Во однос на главните насоки на извозот, лидер е Чешка - половина од рускиот извозот за наведениот период отпаѓа на оваа земја (околу 12 илјади возила). На второ место е Украина (2,3 илјади возила), трета е Латвија (1,8 илјади возила). Покрај нив, се истакнуваат и Унгарија и Либан - во секоја од овие земји се извезени повеќе од 1000 автомобили“, соопштува „Автостат“.

За ваквата позитивна динамика постојат неколку клучни причини, вели извршниот директор на агенцијата „Автостат“ Сергеј Удалов. „Прво, постои ниска база од минатата година, од која се постигнува сериозен раст. Втората причина се релативно ниските трошоци за производство во Русија, кои ги прави овие возила погодни за купување од странци. И уште еден момент поврзан со државната поддршка на логистиката - превозот на автомобилите низ целата земја до граница е субвенциониран од страна на државата“, изјави експертот, пренесува „Росијскаја газета“.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus