Претседателот на Русија Владимир Путин и претседателите на републиките Тува и Хакасија во текот на патувањето низ Сибир готвеле рибја чорба и фини плескавици од штука. Ова го соопшти портпаролот на првиот човек на Хакасија Николај Денисов повикувајќи се на претседателот на Хакасија Виктор Зимин.
Кремљ објави целосна верзија од риболовот на Путин во Сибир
„Јадеа што ќе уловат. Овде има многу дивеч и риба. Готвеа многу вкусни и фини плескавици од штука, рибја чорба и други јадења“, изјави Денисов, пренесува „Взгљад“.
Според него, Зимин го нарекол одморот момент во животот кој долго ќе му остане во сеќавање. Зимин потенцираше дека „Путин е многу едноставен во комуникацијата, има бистар ум и неверојатна меморија“.