Добавить новость
World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

На МАКС-2017 претставен „убиецот на артилерија“

На авиосаемот МАКС-2017 беше претставен најновиот руски систем за извидување на артилериски и ракетни позиции 1Л260-E, соопштува „Росијскаја газета“.

Овој систем е подобрена верзија на постојниот систем за артилериско извидување „Зоопарк“. Според траекториите на проектилите, гранатите или ракетите 1Л260-E ги пресметува координатите на орудијата и лансерите кои ги истрелале. Американските самоодни артилериски орудија M109А6 Paladin се откриваат на растојание од 23 километри, ракетните системи  MLRS – на 45, а тактичкиот ракетен систем ATACMS – на 65 км. Рускиот систем ги гледа сите западни самоодни артилериски орудија и ракетни системи дури и ако тие истрелуваат од максималната можна далечина, а ATACMS е наменет за неутрализирање на цели во позадината на противникот, така што неговите лансери исто така се наоѓаат во видното поле на системот.

Четири главни сензации на Макс-2017

Основа на системот за артилериско извидување е трикоординатниот моноимпулсен радар со активна фазна решетка и набљудувачко поле од 90 степени по хоризонтала и 40 степени по вертикала. Радарот автоматски ја скенира зоната на одговорност, открива мини во лет, проектили, ракети (патем и летала), ги следи и истовремено ги пресметува траекториите. Добиените податоци во реално време одат до командното место на системот, а по потреба веднаш се пренесуваат до средствата за неутрализација кои работат во автоматски или полуавтоматски режим.

Бидејќи дострелот на руските САУ „Коалиција“, ракетниот систем „Смерч“ и тактичкиот систем „Точка-У“ е поголем од американските или НАТО-вските аналогни системи, лесно е да се покрие изворот на дејствувањето на артилеријата. Како и „Зоопарк“, 1Л260-E ја пресметува не само почетната, туку и крајната точка на траекторијата на проектилот во лет, затоа може да се користи и за коригирање на пријателскиот оган - со истата брзина и ефикасност.

Високите перформанси на радарот и компјутерски систем - до 70 позиции во минута, овозможува да се утврдат координатите на сите огнени средства на непријателот, дури и при масовен артилериски напад, да се дадат координатите на целите и да се уништат тие средства пред да ја напуштат позицијата. Самиот систем може да биде подготвен за дејство за пет минути и исто толку брзо ја напушта позицијата.

Радарот на модернизираниот „Зоопарк“ е мултифункционален – покрај мониторинг на артилеријата, тој е способен за управување со беспилотни летала и за контрола на воздушниот простор во зоната на одговорноста.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus