Добавить новость


World News in Macedonian


Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Зошто СССР ја продал воената морнарица на „Пепси“?

Хрушчов лесно се возбудувал и препотувал. Така започнало сè...

Во 1959 година американскиот претседател Двајт Ајзенхауер сакал советските граѓани од прва рака да дознаат за предностите на американскиот начин на живот, за капитализмот над комунизмот. Така, во Москва била организирана „Американска национална изложба“, а главен претставник на Белата куќа бил Ричард Никсон, тогашен потпретседател на САД.

Никсон и советскиот водач Никита Хрушчов секако се сретнале на таа изложба. Ги разгледале најновите технологии и стоката за широка потрошувачка на Американците, па и започнале расправа за предностите на комунизмот и на капитализмот. Бил мошне топол јули, а разговорот напнат, Хрушчов бил возбуден и многу испотен. Доналд Кендал, тогашен потпретседател на маркетингот на компанијата „Пепси“ ја искористил можноста и му подал на Хрушчов чаша пепси-кола.  Фотографијата станала хит и го обиколила светот како најдобра реклама за газираниот безалкохолен пијалак.

Getty Images

Вотка за пепси-кола

Доналд Кендал (претседател на „Пепси“ од 1963 година) долго време се обидувал да продава газирани пијалаци во СССР. Тринаесет години по изложбата во Москва, кога Никсон веќе бил претседател на САД, Кендал ги искористил своите контакти со него за да направи трговски договор и извоз на американскиот пијалак во Советскиот Сојуз.

Кога дошло до потпишување на договорот во 1972 година се појавило важно прашање: како Советскиот Сојуз ќе плати за пепси-колата? СССР немал пристап до девизи, а рублите не се користеле на меѓународниот пазар. Да се плати со вотка?! Советската влада очигледно имала големи количества вотка, зашто поголемиот број брендови биле во сопственост на државата. Така било договорено СССР да плаќа со вотка „Столичнаја“, бренд кој е создаден во 1901 година според рецептот на рускиот хемичар Дмитриј Иванович Менделеев, познат како творец на Периодичниот систем на елементи.

Тоа е историски договор: пепси-кола станала прв западен производ кој се продавал во СССР, а „Пепси“ станал ексклузивен увозник на познатата вотка „Столичнаја“ на американскиот пазар.

„Пепси“ и неговата воена морнарица

Во 1989 година истекувал рокот на првиот договор помеѓу „Пепси“ и СССР, па се преговарало за нов. Во тоа време „Пепси“ имал над 20 фабрики во СССР. Новиот трговски договор изнесувал околу три милијарди американски долари, и било јасно дека само вотка нема да ги покрие трошоците. СССР сè уште имал тешкотии со пресметките во рубли на меѓународниот пазар, па морал да најде алтернативни начини на плаќање.

/ AP

Решението било следново: ако во седумдесеттите години од минатиот век СССР имал многу вотка, во осумдесеттите бил претрупан со стара воена опрема од Студената војна. Советскиот Сојуз му понудил на „Пепси“ да плати со воени бродови на дизел погон. „Пепси“ ја прифатил понудата само затоа што во компанијата знаеле дека тоа е единствен начин да продолжи соработката.

Договорот се однесувал на 17 подморници, крстосувач, фрегата и разорувач, а овие пловила на крајот ѝ биле продадени на шведска компанија која се занимавала со рециклирање метал. Благодарение на овие подморници „Пепси“ во моментот на преговорите со Швеѓаните била шеста најголема светска воена сила според бројот на дизел подморници.

/ AP

Се зборува дека во една пригода претседателот на „Пепси“ Доналд Кендал на шега му рекол на советникот на ЦИА: „Го разоружуваме Советскиот Сојуз побрзо од вас“.

Вистина е и тоа дека го разоружувале од непотребниот метал.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media










Топ новостей на этот час

Rss.plus